HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПрашање на време е кога Гризман ќе заврши во еден од овие четири клубови!

Прашање на време е кога Гризман ќе заврши во еден од овие четири клубови!

Француските медиуми пишуваа за Антонио Гризман кој на крајот на оваа сезона би можел да ја промени средината. Многу сметаат дека Антоан Гризман е подготвен за нов предизвик во својата кариера и дека е време да ја промени средината и да се пресели во еден од најбогатите клубови во светот. Конкретно, вчера Шпанските медиуми пишуваа околу негово заминување од Атлетико Мадрид, сметаат дека е само прашање на време кога тоа ќе се случи, а дека не се поставува прашањето дали тоа ќе се случи.

Како потенцијални наредни клубови на Антоан Гризман се споменуваат Манчестер Јунајтед, Баерн, Барселона и Реал Мадрид. Покрај овие четири, „срамежливо“ се споменува и Јувентус кој би можел да ги вмеша своите прсти во доведувањето на фантастичниот француски напаѓач. Гризман најмногу до сега беше поврзуван со Манчестер Јунајтед посебно откако на „Олд Трафорд“ пристигна Жозе Мурињо, но останува да видиме во кој клуб ќе заврши.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com