HomeДЕНЕШНАСветПрага се огради од заканата на Турција во Европа да пушти три милиони бегалци

Прага се огради од заканата на Турција во Европа да пушти три милиони бегалци

timthumb

Многу е важно ЕУ да се однесува суверено и да не дозволи да биде уценувана со такви соопштенија – изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

Тој заедно со претседателот на државата Милош Земан се оградија од заканите на турскиот Претседател Реџеп Таип Ердоган дека Турција во Европа ќе пушти три милиони бегалци, јави дописникот на МИА од Прага.

„Мислам дека ЕУ не треба да дозволи да биде уценувана. Исто така, таа треба да реагира на оваа закана со цврсто обезбедување на своите надворешни граници, што навистина требаше да се направи уште оддамна“ – оцени Земан.

Изјавата на Ердоган беше реакција на предлогот на Европскиот парламент во четвртокот, да ги замрзне преговорите меѓу ЕУ и Анкара.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com