Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПознатиот актер на смешен начин и го честиташе роденденот на својата сопруга

Познатиот актер на смешен начин и го честиташе роденденот на својата сопруга

Рајан Рејнолдс важи за голем шегаџија во приватниот живот, а милиони свои следбеници на социјалните мрежи ги насмеа со шега на сметка на својата сопруга. Наместо на неа, тој роденден му честиташе на пејачот Били Реј Сајрус. „Само сакам да му посакам на Били Реј Сајрус најпосебен и магичен роденден. Те сакам со целото мое срце. Исто така, среќен роденден и на мојата сопруга“, напиша Рајан.

Rajan

Неговата сопруга Лајвли, која веќе одамна е навикната на неговите шеги, имаше добро подготвен одговор. „И јас ги обожавам песните на Сајрус“, врати Лајвли на социјалните мрежи, која чека второ дете. Инаку, Рејнолдс е познат по пораките на социјалните мрежи, во кои се шегува на сметка на својата сопруга, ќерката Џејмс и други луѓе.