Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПознати се добитниците на државната награда „11 Октомври“

Познати се добитниците на државната награда „11 Октомври“

На четири лица денеска во Собранието на Република Македонија ќе им биде врачена државната награда „11 Октомври“ од областа на културата и уметноста. Ова е највисокото признание за животно дело во областа на науката,  уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија

Добитници се:
1. Академик Митко Маџунков, писател
2. Проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург
3. Проф. д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик
4. Проф. д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник