Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеПознатата Фонтана ди Треви стана живеалиште на стаорци

Познатата Фонтана ди Треви стана живеалиште на стаорци

Ако решите да ја видите познатата римска Фонтана ди Треви, нема да видите ниту вода, ниту парички за среќа, туку стаорци. Фонтаната која привлекува милиони туристи секоја година во моментот не е во функција, се реставрира од декември 2014 година и во неа не тече вода.

Според Roma corriere, 10 до 20 стаорци ја претвориле празната фонтана во свое игралиште. Тие излегуваат и влегуваат во цевките, а се качуваат и по статуата. Не се задржуваат само на тоа, туку се шетаат и по оградата околу фонтаната. Некои од нив се долги и по 20 сантиметри. Легендарната фонтана вообичаено се поврзува со бројни насмеани туристи кои фрлаат парички во неа или со лицето на Анита Екберг, како се бања во филмот на Федерико Фелини, „La Dolce Vita“ (Сладок живот), а сега глетката на глувците ги вознемируваат жителите, кои сметаат дека тое е срам на градот.

„Ова е срам не само за жителите на Рим, туку и за целиот свет. Видов илјадници туристи како ги фотографираат стаорците, покажуваат на нив и се кикотат“, вели еден римјанин. Жителите повеќепати пратиле писма до локалните власти во последните шест месеци за да им укажат на невкусната сцена со фонтаната, но де сега не биле удостоени со одговор. Се смета дека стаорците се привлечени од ресторан во близина кој навечер остава кеси со остатоци од храна и семиња надвор.