Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПознат пејач од „Д Воис“ убиен на својот роденден

Познат пејач од „Д Воис“ убиен на својот роденден

Натпреварувач од музичкото шоу The Voice беше застрелан на својот роденден.

Станува збор за Алехандро Фуентес, кој беше дел од музичкото натпреварување во 2011 година и со тоа стана вистинска ѕвезда, но за жал стана жртва на анонимни напаѓачи и тоа на својот 45-ти роденден.

Фуентес во петокот со пријателите го прославувал својот 45-ти роденден, кога непознато лице го натерал да излезе од својот автомобил пред музичкото студио во Чикаго. Според тврдењата на полицијата, Фуентес во автомобилот не бил сам кога убиецот го принудил да излезе надвор.

Напаѓачот пукал во него испалувајќи му три куршуми во глава, околу 22 часот навечер во околината на Брајтонскиот парк во Чикаго.

Полицијата вели дека се уште не го привеле напаѓачот. По убиството на младата американска ѕвезда Кристина Грими во Орландо, уште едно убиство на ријалити ѕвезда ја потресе американската и светската јавност, пишува „Дејли мејл“.