Saturday, Jun 24, 2017
HomeАНТИСТРЕСПозитивно е да бидете сингл

Позитивно е да бидете сингл

Љубовта е најголема движечка сила, може да влијае многу позитивно во животот на една личност, но многумина остануваат и во лоши и деструктивни врски само поради страв од самотија. Низа истражувања покажуваат дека таквите врски создаваат психички и други здравствени проблеми. Затоа, доколку сте сингл еве неколку сознанија од светски научици и лекари кои ќе ви укажат дека треба да уживате во солободата

Луѓето кои се сингл се хранат поздраво

Болното раскинување или врската полна со караници сигурно наведува кон многу слатки задоволства и грицки со кои се обидувате да си ја ублажите тагата, додека личностите кои се сами, а не значи дека се осамени повеќе внимаваат на својот изглед и начинот на исхрана.

frineds 2

Луѓето кои не се во врска имаат поквалитетни пријателства

Сосема е очекувано кога сте во врска или брак плановите со другата половина да ви бидат приоритет. Но сигурно понекогаш ви недостасуваат времињата кога сте имале многу време за дружење и забава со пријателите. Затоа, статусот ,,сингл” не е причина за очајување.

Без партнер ќе имате помалку долгови

Финансиските проблеми се извор на голем стрес, а низа странски студии покажале дека луѓето кои се сами подобро калкулираат со приходите и ретко остануваат без пари.

Сингл дама е самостојна и силна дама

Прекрасно е да имате на кого да се потпрете во животот, но и сингл статусот има свои предности. Девојките сами се снаоѓаат во најразлични ситуации, созреваат сами и не се зависни од никого

Понекогаш да се биде сингл-значи да се биде здрав

Една студија која опфатлиа 6 здравствени параметри (акутни болести,акутни,број на денови без активност,број на денови поминати во кревет, број на лекарски прегледи) докажала дека во три параметри од наведените резултатите биле исти, но во другите три подобри резултати имале сингл-дамите.

Друга студија покажала дека омажените девојки имаат поголем ризик од вишок килограми после 4 години брак