Thursday, Mar 30, 2017
HomeДЕНЕШНА„Позитивни“ временски услови, уживајте во денешното сонце

„Позитивни“ временски услови, уживајте во денешното сонце

Денешното утро за разлика од претходните денови ќе биде потопло, а минимални вредности далеку над нулата.

Минималната температура ќе биде во „позитива“ со вредности околу 5°С, а во јужниот дел од повардарие околу 10°С.

Денот ќе биде претежно ведар, сончев, и натпросечно топол за овој период од годината. Денвниот температурен максимум  ќе достигне вредности околу 20°С во повардарскиот крај, до 22°С во гевгелиско-дојранската околина и околу 16°С во југозападниот крај. Умерен северозападен ветер ќе дува долж повардарието и во источниот регион.

Во Скопје не очекува претежно сончево време со слаб, северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу четири степени целзиусови, додека дневниот максимум се очекува да достигне околу 22-от степен.

И во наредните неколку денови нема најави за промена на временските услови.