Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПозитив МЕТЕО: Пред нас е сончев саботен ден!

Позитив МЕТЕО: Пред нас е сончев саботен ден!

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно ведро. Изутрина по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Преку денов ќе има и мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Утринската температура се движи од еден до осум, а дневната од 14 до 24 степени.

Во Скопје имаме претежно сончево со мала до умерена локална облачност и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла, а преку денот ќе се расчистува. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе искачи до 20 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со мала до умерена локална облачност и се уште релативно топло за овој период од годината. Благ пад на температурата се очекува в недела, но се уште ќе има услови за слаба утринска магла по одделни котлини и по речните долини, особено повеќе во долниот тек на Повардарјето.