Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНА„Позитив МЕТЕО“: Подгответе се за ниски температури и повремени снежни врнежи!

„Позитив МЕТЕО“: Подгответе се за ниски температури и повремени снежни врнежи!

Денеска низ цела Македонија ќе биде облачно со врнежи до дожд, ветровито и свежо. Во утринските часови  врнежите ќе ги зафатат северо-западните предели, а упте во претпладневните часови ќе се прошират на територија на целата држава. Локално се очекува да наврнат од 15 до 20 литри дожд.

Ќе дува југозападен и југоисточен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина и до 50 километри на час. Утринските температури се движат од 4 до 12 степени, а дневните ќе се искачат до 18 степени.

Во Скопје и околината ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и температура до 14 степени. Во следните денови температурата ќе продолжи да опаѓа, а ќе продолжи умерената облачност и врнежите од дожд.

Во Македонија во наредните денови продолжува облачното и врнежливо време, проследени со постепен пад на температурите кои ќе се симнат до 14 степени во Среда, односно 12 степени во Четврток.

Врнежите од дожд на повисоките места ќе преминуваат во повремени врнежи од снег особено во вечерните часови.