Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНА„Позитив МЕТЕО“: Нè очекува сончев и топол ден, наскоро промена на временската состојба

„Позитив МЕТЕО“: Нè очекува сончев и топол ден, наскоро промена на временската состојба

Во Македонија во утринскиве часови има појава на магла, која во западните предели е поизразена за разлика од другите делови на државата.

Во текот на денов ќе биде сончево и топло. Претпладне не очекува слаб сееверозападен и североисточен ветер, а попладне ќе премине во југозападен и југоисточен ветер.

Утринските температури се движат од -1 до 7 степени, а пак максималните дневни ќе достигнат до 14 односно до 22 степени.

Во Скопје во утринскиве часови има појава на слаба магла. Во текот на денов ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максимланата дневна ќе достигне до 18 степени.

Сончевото и топло време не очекува до петок. Сончево и топло, само во среда попладне се очекува појава на локална облачност. Во сабота се очекува промена на времето. Умерено облачно со кратки сончеви периоди и постудено. Сабота попладне се очекува зголемување на облачноста и силен ветер.

Доколку решите да останете дома поради загадувањето на воздухот, останете со „Позитив.мк“ ви подготвуваме разновидни примамливи содржини.