Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПожарот изгаснат, избегната трагедија во Охрид

Пожарот изгаснат, избегната трагедија во Охрид

Денес во станбена зграда на Туристичка во Охрид избувна пожар кој набрзо се проширил и на останатите спратови. Како што пренесува Охрид њус состојбата била многу драматична и во станот каде започнал пожарот мајката испаничила до тој степен што помислила да го фрли детето од четврти спрат за пожарникарите да го фатат.

pozar ohrid 2

Екипите на противпожарната бригада брзо реагирале и сите лица се евакуирани, а на десетина им е укажана лекарска помош поради вдишаниот чад. Во гасењето учествувале 15 пожарникари со 5 возила, па покрај материјална штетна нема никакви последици врз станарите.

Извор: Ohrid news