Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПожарникари спасиле човек на дрво, кој паднал во бессознание

Пожарникари спасиле човек на дрво, кој паднал во бессознание

 

Пожарникарската служба, и тоа како е битна за секоја земја. Особено кај нас, каде што се соочуваме со многу примери на опожарени домови, поради дотраена инсталација. Сепак, пожарникарите помагаат секаде каде што можат.

Скопските пожарникари спасиле човек заглавен на дрво, за кого мислеле дека е починат.

Откако се качил на дрвото, на човекот му се слошило и паднал во бессознание. Тогаш настанала драма. Неговите блиски се загрижиле што се случува, па кога дошле до дрвото го виделе како лежи на дрвото. Бидејќи не одговарал на повиците, тие се исплашиле и повикале полиција и пожарникари бидејќи не можеле да го симнат.

Пожарникарите дошле и се качиле на дрвото. Тие утврдиле дека човекот дава знаци на живот и го симнале од дрвото. Тој веднаш бил прифатен од екипата на Итна помош и бил префрлен во болница.