Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПожарите во Липковско се под контрола

Пожарите во Липковско се под контрола

По контрола се ставени пожарите во липковскиот регион, соопшти денеска раководителот на подружницата на ЈП „Македонски Шуми“ Ваит Саити.
Како што изјави Саити, дождот кој врнеше во текот на ноќта помогнал за целосно локализирање на пожарот помеѓу Отља и Стрима.

– Наша екипа останува во текот на денот да изврши увид во месноста, рече Саити и додаде дека под контрола е ставен и пожарот кај село Белановце во близина на Црн Врв.

Вчера и завчера гореше нискостеблеста шума на две локации во Липковско.