Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПожарите во Атина предизвикани од човечко невнимание

Пожарите во Атина предизвикани од човечко невнимание

Полицијата во Атина уапси две лица кои се сомничат дека од невнимание го предизвикале големиот шумски пожар кој се прошири на планината Химет, а се закануваше да ги зафати и населбите во близина. Приведени се двајца пчелари, Грк и Бугарин кои се сомничат дека го стартувале пожарот најверојатно со отпушок од цигара. Во справување со пожарите во Грција ќе помогне и Франција која испрати авиони. Пожари има и на Пелопонез, а горело на над 80 локации.