Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПожарите на Корчула подметнати, уапстена жена

Пожарите на Корчула подметнати, уапстена жена

Хрватската полиција на островот Корчула денеска уапсила 24-годишна жена под сомнение за намерно подметнување неколку пожари на островот, јави Хина.

Полициските служби тврдат дека на 21 јули пироманката запалила нискостеблеста шума и трева на две места покрај патот, а потоа предизвикала пожар и во складиштето на еден од рестораните на островот.

Следниот ден таа повторно запалила сува трева и нискостеблеста шума, што довело до голем пожар, што зафатил површина од 400 метри квадратни.

Противпожарната служба со помош на локалните жители успеала да ги изгасне огнот.

На 22 јули вечерта пироманката ја запалила тревата во дворот на куќата, во која била сместена, а ноќта околу 2.40 часот предизвикала пожар и во самата куќа. Како последица на пожарот изгореле завесите, вратите, клима уредот и дел од креветот во нејзината соба.

Против жената е покренато обвинение за закана по животот и имотот на граѓаните и е задржана во притвор.