Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПожари кај Крапа, Теово, Горно Јаболчиште и Јаболце

Пожари кај Крапа, Теово, Горно Јаболчиште и Јаболце

За гасење на пожарот кај селото Крапа во Македонски Брод, денеска повторно се активирани авиони на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот е се уште активен и добива пошироки размери. Теренот, според ДЗС, е висок и непристапен, а нивните авиони и вчера беа ангажирани за гаснење на огнената стихија.

Активен е и пожарот над село Теово. На лице место за гасење на пожарот се ангажирани десет вработени на „Македонски шуми“ и припадници од Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот кај село Горно Јаболчиште е на недостапен терен и се уште е активен. Еден дел е локализиран. Гори деградирана шума. На лице место во гасење на пожарот ангажирани се вработени на „Македонски шуми“.

ДЗС информира дека денеска избувнал пожар кај село Јаболце, Скопско и оти во негово гасење се ангажирани вработени во „Македонски шуми“.

Пожарот кај село Порој е локализиран изурината. Во гасење на пожарот беа ангажирани протипожарните авиони на ДЗС, а беа и сеуште се ангажирани и вработени во Дирекцијата од Тетово, Град Скопје и Кисела Вода, ТППЕ Тетово и од општината.