HomeДЕНЕШНАСветПожар во стоковна куќа во Москва, повеќе од 1.000 лица евакуирани

Пожар во стоковна куќа во Москва, повеќе од 1.000 лица евакуирани

Околу 60 лица го гасат пожарот кој избил во трговскиот центар „Цум“, кој се наоѓа во центарот на Москва. Кога се појавил дим, од зградата биле евакуирани повеќе од 1.000 лица. Пожарникарите се обидуваат да ја откријат причината за пожарот со помош на термални детектори, додека димот излегува од зградата.

Околните сообраќајници практично биле блокирани поради големиот број на пожарникарни возила и итни служби, пренесуваат руските медиуми. Во гасењето на пожарот учествувале околу 60 лица. Според првичните информации, пожарот избил во подрумот на зградата. Функционерите пренесуваат дека нема повредени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com