HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПожар во напуштен објект во Психијатарската болница во Демир Хисар

Пожар во напуштен објект во Психијатарската болница во Демир Хисар

15128559_334256276951307_829357154_n

Синоќа на полноќ во Душевната болница во Демир Хисар, во силен пожар изгоре напуштениот објект од некогашното женско одделение. За среќа, жртви нема. Според очевидци, огнот најпрвин ја зафатил дотраената кровна конструкција, а потоа се спуштал надолу кон двата спрата. СО интервенција на демирхисарските пожарникари, пожарот е изгаснат, а навреме било спречено негово проширување кон други објекти.

Во опожарениот објект единствен жител бил демирхисарскиот скитник Живко Георгиевски од с. Прибилци, кој во една соба, нашол времено прибежиште. За време на пожарот тој бил во Спортската сал, ка де што се одржувал спортски настан.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com