Saturday, Sep 23, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаПожар во Кривопаланечко, изгоре половина хектар сува трева

Пожар во Кривопаланечко, изгоре половина хектар сува трева

Вчера попладне избувна пожар во Кривопаланечкиот регион, односно селото Мартиница, во кое од силниот пламен се оштетил половина хектар сува трева и десетина багремови стебла. Ова е седми пожар во месец јули на подрачјето на општина Крива Паланка.

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски, ја пофали навремената совесна реакција на месното население која допринела пожарот да не се прошири на блиската листопадна шума.

„Жителите на селото веднаш штом го забележале пожарот се јавиле во нашата служба, но истовремено започнале со гасење на истиот за да спречат негово ширење до шумата, што им успеало. Благодарение на месното население пожарот бил локализиран до пристигнувањето на екипа на ТППЕ и екипите на Јавното претпријатие Македонски шуми, подружница Крива Паланка кои брзо потоа го ликвидираа. Со тоа, спречено е да настане поголема материјална штета“ изјави Коцевски.