Thursday, Oct 19, 2017
HomeДЕНЕШНАСветПожар во „Космополитен“, две лица повредени

Пожар во „Космополитен“, две лица повредени

Две лица се повредени во вчерашниот пожар кој избувна во еден од најголемите хотели во Лас Вегас, „Космополитен“. Мета на пожарот бил 14-от кат од хотелот, каде што се наоѓа базен.

На местото пристигнале 110 пожарникарски возила кои успеале да го изгаснат огнениот пламен за еден час.

На еден од повредените веднаш му била укажана медицинска помош, а другото лице е префрлено во болница. Се утврдува причината за настанувањето на пожарот.