Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПожар во Кавадарци, се запали котел од ресторан

Пожар во Кавадарци, се запали котел од ресторан

Се запали парен котел од ресторан во Кавадарци, екипа на Територијалната противпожарна екипа е сеуште на терен, јави МИА.

– Со четворица пожарникари и две противпожарни возила реагиравме навреме и успеавме да го локализираме пожарот. За среќа пламените јазици не го зафатија ресторанот, рече командирот на пожарникарите Илчо Богевски. Тој нагласи дека засега не се знаат причините за пожарот.