Friday, Jul 21, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионПожар во кампот на мигранти во Словенија – Тензиите растат

Пожар во кампот на мигранти во Словенија – Тензиите растат

Илјадници мигранти кои веќе неколку дена се заглавени на словенечката граници го губат трпението седејќи премрзнати и потопени од дождот. Тензиите растат, се извикува „Пуштете не да си одиме“, а дојде и до мал инцидент кога се прошири пожар во десетина шатори кои им ги додели словенечката армија за преспивање и сместување. Полицијата во градот Брезице смета дека пожарот е намерно подметнат за да се привлече вниманието.

Словенија е главната цел на мигрантите откако Унгарија ги запечати своите граници, но разочарувањето кај нив е се поголемо бидејќи секаде се пречекувани со полициски или армиски сили и никој не им ги остава вратите ширум отворени.