Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПожар во кабелската „Вин Сат“ во Виница, СВР Штип се сомнева дека е подметнат

Пожар во кабелската „Вин Сат“ во Виница, СВР Штип се сомнева дека е подметнат

Вчера изгоре објектот на кабелскиот оператор Вин Сат при што жителите на Виница речиси целосно останаа без интернет и телевизија. Детали за причинетата материјална штета се уште нема, но вработените од операторот велат дека објектот е доста оштетен исто како и опремата во него.

Од полицијата информираат дека случајот бил пријавен од група граѓани а пожарот подоцна бил локализиран. СВР Штип, пак, смета дека пожарот е подметнат.  Овој случај станува дел од серијата притаени пожари откако вчера во Карпош изгореа два автомобили, од кои едниот бил во сопственост на кафулето Кала.