HomeДЕНЕШНАСветПожар во болница во Индија, најмалку 23 лица загинаа

Пожар во болница во Индија, најмалку 23 лица загинаа

Најмалку 23 лица загинаа доцна синоќа во пожар што избувна во една болница во градот Бубанесвар во источната индиска сојузна држава Одиша, објави весникот „Тајмс оф Индија“.

Според весникот, огнот прво се појавил во центарот за дијализа, а потоа брзо се проширил низ целата зградата на болницата, која е во приватна сопственост.

Поради пожарот десетици пациенти биле итно префрлани во другите медицински центри во градот.

Индиската полицијата соопшти дека десетици пациенти и болнички персонал во паника се обидувале да се спасуваат од огнот, скокајќи од прозорците на зградата, но биле запрени од полицајците и пожарникарите, според кои, на тој начин било спречено бројот на жртвите во пожарот да биде многу поголем.

Претставник на противпожарната служба изјави дека пожарот најверојатно бил предизвикан од краток спој на електричната инсталација во центарот за дијализа.

Најголемиот број од жртвите настрадале од задушување од густиот чад.

Во декември 2011 година вкупно 89 лица загинаа во голем пожар што ја зафати болницата во индискиот град Калкута.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com