Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПожар во Аеродром – гореа „сините згради“

Пожар во Аеродром – гореа „сините згради“

Голем пожар во населбата Аеродром се случи вчера во кој изгоре стан, а најмалку три се оштетени, пренесува Дневник. Очевидците на пожарот велат дека почнал од терасата, а се се сомневаат и дека е подметнат. Но, сопствениците на станот кои беа видно вознемирени и во шок, рекоа дека на терасата чувале спрејови кои од топлината би можело да се запалат.
gori1
Брзата интервенција на пожарната служба спреќи пожарот да уништи и повеќе станови, за многу кусо време на терен беше и полиција која спроведе истрага. Пожарот го зафатил станот на првиот кат во т.н сини згради.
gori2