Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПожар на Караџица – два авиони на терен

Пожар на Караџица – два авиони на терен

Пожар беснее на падините на Караџица, над селото Дејковец во општина Зелениково. Пожарот се раширил утрово, гори мешана шума на непристапен терен. Пожарот се заканува да зафати поголема шумска површина на Караџица.

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека по барање на општина Зелениково, од 9 часот се активирани два противпожарни авиона. Екипи на Дирекцијата се на терен и ја следат состојбата.