Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПожар изгоре три куќи во Гостивар

Пожар изгоре три куќи во Гостивар

Оган што избувнал на првиот кат од куќа на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, ги зафатил и соседните две куќи, но за среќа во настанот нема повредени лица.

Според информациите на СВР Тетово, пожарот се појавил во домот на А.А. (38) околу полноќ, кому му настрадале покривот од куќата и две соби. Пламените јазици кои се прошириле на соседните објекти ги оштетиле покривот, една соба и фасадите. Пожарот бил изгаснат со интервенција на противпожарната единица.

Засега не се познати поричините кои го предивикале опожарувањето во едно од најнаселените делови на градот, а по увидот кој денеска се спроведе ќе биде утврдена и штетата.