Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Пожар и протести во бегалски камп во Грција

Видео: Пожар и протести во бегалски камп во Грција

Во бегалски камп во Диавата Грција, избувнал пожар, јавува „Раша Тудеј“, повикувајќи се на информации од социјалните мрежи. Според досегашните информации голем број шатори се зафатени со огнот. Дел од лицата на социјалните мрежи пишуваат дека има и жртви во кампот, но засега нема официјални информации од тамошните власти. По пожарот започнал протест на стотици бегалци во кампот, од кои половината излегле на улиците за да се обидат да го запрат сообраќајот. Во тој камп се наоѓаат нешто повеќе од 3.300 бегалци. Според најновите податоци, во Грција се наоѓаат 53.978 бегалци и мигранти.