Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПовторно терор во Европа, десетина мртви при нападите во Минхен

Повторно терор во Европа, десетина мртви при нападите во Минхен

Најмалку тројца вооружени напаѓачи отвориле оган од автоматски пушки врз посетители на трговскиот центар Олимпија во Минхен каде има десетина жртви и уште толку повредени. Според првичните информации полицијата се судрила со напаѓачите од кои барем еден е во бегство, соопшти Клаудија Кунтцел, портпаролката на минхенската полиција.

olimpija pukanje minhen

Голем дел од центарот на градот е блокиран и се одвива голема полицска акција за обезбедување на важни точки, пронаоѓање на сите сторители и можни нивни поддржувачи, а на граѓаните им се препорачува да се засолнат во домовите.

 

Вториот напад се случува во Маринеплац метро станицата, а голем број на полциски сили со целосна опрема и вооружување се упатуваат да ја обезбедат локацијата.