Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПовторно солзавец во косовскиот Парламент

Повторно солзавец во косовскиот Парламент

Косовските пратеници редовно одат на седница со солзавци. Седницата на косовскиот парламент денеска е прекината веднаш по започнувањето, откако опозицијата повторно фрли солзавец во салата. Инцидентот се случил во момент кога се обраќал претседателот на „Самоопределување“, Висар Имери.

Блокадата на денешната седница на Парламентот беше најавена вчера од страна на опозицијата. Пред зградата на Собранието во Приштина веќе има голем број приврзаници на опозицијата, кои бараат распишување вонредни избори и поништување на спогодбата за Заедницата на српски општини, како и демаркација на граничната линија со Црна Гора. Таму се распоредени и силите на специјалната косовска полиција.