HomeДЕНЕШНАПолитикаПовторно со минимален број на гласачи дијаспората ќе добие пратеници

Повторно со минимален број на гласачи дијаспората ќе добие пратеници

glasacki_kutii_3

Според последните податоци на ДИК досега се пријавиле 8.258 македонски граѓани кои живеат или престојуваат во странство и имаат право на глас со што ќе може да учествуваат во изборот на новите пратеници кои ќе ја претставуваат дијаспората.

Со оглед на малиот број на гласачи повторно се покажува дека дијаспората добива пратеници со минимални гласови за разлика од изборната математика која покажува дека еден пратеник од шесте изборни единици треба да добие најмалку 10.000 гласачи за да го надмине прагот за место во Собранието.

Пријавени се вкупно 10.235 граѓани од кои 8.258 се прифатени, 166 се одбиени, додека останатите се во фаза на одобрување. Најголем број пријави за гласање биле поднесени во Берн, Венеција и во Детроит. Гласачите од дијаспората имаат рок до 11 ноември да се пријават за гласање.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com