Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПовторно преку пракса на 500 лица ќе им се отвори можност за вработување

Повторно преку пракса на 500 лица ќе им се отвори можност за вработување

Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување ќе ја продолжат мерката за практична обука на околу 500 лица кои ќе имаат можност да стекнат работно искуство, а потоа и да добијат шанса за трајно вработување во компаниите кои ќе учествуваат во проектот.

Обезбеден е буџет во износ од 9 милиони и 450 илјади денари, за вкупно финансирање на вкупно 500 млади лица за мерката практиканство, посочија министерот Спасов и директорот на АВРМ Влатко Поповски. Огласот е објавен и ќе трае 20 дена, а ако има поголем интерес постои можност и да се продолжи.