HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПовторно прегазен пешак во Кичево, со тешки повреди однесен во болница

Повторно прегазен пешак во Кичево, со тешки повреди однесен во болница

Уште една тешка собраќајна несреќа се случи во Кичево и овој пат пешакот е повозрасно лице. Осумдесет и две годишниот кичевец Д.Ѓ. вчера околу 19 часот бил прегазен во Кичево во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, информираат денес од полицијата.

Според информациите со кои располага МВР, во Д.Ѓ. удрил автомобил „Рено“ управуван од Н.С. (30) исто така од Кичево.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки повреди поради кои по укажаната лекарска помош во медицинскиот центар во Кичево е препратен во битолската болница.

На местото на несреќата извршен е полициски увид.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com