HomeДЕНЕШНАСветПовторно паника во Брисел: Евакуирано метро

Повторно паника во Брисел: Евакуирано метро

Северната железничка станица и околната зграда на јавното обвинителство во Брисел биле евакуирани поради дојава за бомба. Исто така, било испратено предупредување за бомба и на железничката станица Брисел-Миди, пренесуваат белгиските медиуми. Зградите на северната железничка станица и обвинителството биле евакуирано после анонимен повик кој ги предупредил дека во тие згради има поставено бомба.

Полицајци и војници во голем број биле присутни во близина на тие два објекта, пренесуваат тамошните медиуми. Според овие извори, била извршена и истрага, но не била пронајдена бомба. На северната железничка станица по барање на полицијата бил стопиран и сообраќајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com