HomeДЕНЕШНАПолитикаПовторно одложено рочиштето за Савески и Куновски

Повторно одложено рочиштето за Савески и Куновски

Повторно е одложено судењето за членовите на Левица бидејќи, обвинителката, поради семејни причини, не се појавила на рочиштето.

– Поминаа речиси 6 месеци, половина година, од нашето приведување. Од околу 10 одржани рочишта, само на 2 се работеше. И по 6 месеци, судскиот процес е на самиот почеток. Очигледно, бидејќи не можат да докажат дека сме виновни, сакаат да спроведуваат казнување без докажана вина. Сакаат да не скршат со одолговлекување на судската постапка до бескрај па ние да се умориме од малтретирањето па да признаеме вина за конечно да ни заврши маката. Но, нема да им помине! Не сме ние направени од млеко! Знаеме што е мака. И знаеме да издржиме. Колку сакаат нека одложуваат рочишта, еднаш судењето ќе мора да заврши – напиша на својот фејсбук профил Здравко Савески.

Инаку, членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски, веќе беа во куќен притвор, а се товарат за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, односно за демолирање на Народната канцеларија на Преседателот за време на протетсите во април.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com