Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПовторно одложено рочиштето за „Тврдина 2“ – се чека известување од МВР за Грујовски

Повторно одложено рочиштето за „Тврдина 2“ – се чека известување од МВР за Грујовски

Денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“ се одложи бидејќи судот и СЈО го чекаат известувањето од Eдиницата за потраги на МВР во врска со достапноста на обвинетиот во случајот, Горан Грујовски, кој е во бегство и по кого е распишана потерница, пишува Мета.

Известувањето е неопходно за да може СЈО да побара на Грујовски да му биде судено во отсуство.
Обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска, потврди дека ќе бараат да му се суди во отсуство, а неговиот адвокатот Љупчо Шврговски во изјава за медиумите рече дека и во таков случај ќе продолжат да го застапуваат поранешниот началник на петтата управа зашто тоа од нив било побарано и од синот на Грујовски.

Следното рочиште е закажано за 2 октомври, до кога судот и СЈО очекуваат да го добијат известувањето од МВР и да продолжат со постапката.