Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПовторно одложено рочиштето за „Шпион“

Повторно одложено рочиштето за „Шпион“

Судскиот процес кој се води против петмина обвиниети во случајот „Шпион“ денеска е повторно одложен. Обвинетиот Марјан Ефремов не беше спроведен од затворот „Идризово“, па судечкиот судија одлучи да го одложи рочиштето за 18 мај, јави МРТ.

Судењето почнува отпочеток, откако Апелацискиот суд уважи дел од пресудите, некои казни ги преиначи, а за петмина обвинети донесе одлука да им се суди одново.

Првообвинетиот Марјан Ефремов, наместо првичните 15 години робија издржува казна од десет и пол години затвор. Обвинението го застапува Специјалното јавно обвинителство.