Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноПовторно ќе возиме Pony

Повторно ќе возиме Pony

Словенечкиот производител на бела техника Горење најави дека ќе започне со производство на велосипедот од брендот Рог, бидејќи од моменталнот приватен сопственик ќе го откупи правото на назив на брендот за повеќе од 40.000 евра.

pony-bicikl-sklopivi-rog-20-slika-20234030

Приватниот сопственик брендот го откупил од некогаш познатата љубљанска фабрика за велосипеди Рог која во 2009 година заврши во стечај, а подготвен е да се откаже од правата на интелектуална сопственост за 41,500 евра.

„Горење има знаење и искуство кое можеме да го употребиме за ревитализација не еден од најпознатите словенечки индустриски брендови“, изјави директорот на Горење, Фрањо Бобинац, потврдувајќи дека Горење ќе започне да произведува велосипеди, пренеусва Деловен дневник.

„Горење во проектот за обнова на сјајот на стариот бренд на словенечки велосипеди кои беа познати на просторите на поранешна Југославија влегува со љубљанскиот трговски центар БТЦ како партнер“.

115651

Првиот велосипед од новата генерација на пазарот ќе се појави во 2017 година. Најпрвин ќе се работи на модерната верзија на некогаш мегапопуларниот велосипед Пони од модерни материјали и со подобрена ергономија, а една година подоцна може да се очекува и велосипед за планинско и градско возење, како и електричен велосипед.

До доцните 80-ти години од минатиот век фабриката за велосипеди Рог произведуваше 300 до 350 илјади велосипеди годишно, но по распадот на заедничкиот југословенски пазар и евтиниот увоз од далечниот исток западна во тешкотии и пропадна.