Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПовторно ќе се протестира за чист воздух пред Влада

Повторно ќе се протестира за чист воздух пред Влада

Денеска во 17 часот пред Владата втор пат ќе се протестира против загадувањето под наслов „Излези за воздух“, во организација на дваесетина граѓански организации.

-Граѓани!
Времето не’ гази, а воздухот и понатаму ни ги зема здивот и животот. Немаме време за чекање, болестите и смртта не’ демнат и нас и нашите блиски и нашите деца!
Доста е!
Се здруживме и одлучивме да кажеме НЕ!.
Ве повикуваме сите што дишете, а не сакате да умрете да ни се приклучите на протест в понеделник, 28 декември, во 17:00 часот пред Владата на Република Македонија.
Протестираме против загадувањето на воздухот! Протестираме за надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити нашето здравје! (прочитајте ги барањата и мерките подолу во овој текст)
Излези за воздух! – велат од Граѓанските здруженија и иницијативи кои се организатори

Доколку сакате чист воздух, како што велат, приклучите се` на протест денеска во 17 часот пред Владата на Република Македонија.