Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПовторно демонстрирани чистачките способности на Град Скопје

Повторно демонстрирани чистачките способности на Град Скопје

Демонстрантите од Шарената револуција го направија најголемиот цртеж досега со целосното боење на улицата пред Собранието на Република Македонија во чиј центар беше поставена бројката 8 која го означува рокот за прифање на нивните барања.

cistene ulica

Тоа повторно ги тестираше чистачките способности на Град Скопје кои мораа брзо да ја измијат целата улица во доцните часови, но овој пат одеше малку потешко бидејќи градоначалникот Коце Трајановски не излезе лично да ја води операцијата за чистење, ниту пак некој од оптишнските градоначалници му даваше насоки и морална поддршка.