Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПовредените лебеди во Охридско езеро без соодветна помош

Повредените лебеди во Охридско езеро без соодветна помош

Здруженијата за заштита на животни, меѓу кои и Анималија постојано апелираат за помош на повредени лебеди за кои нема соодветна и стручна ветеринарна екипа која ќе може да справи професионално со нивните барања. Најновиот случај е со повреден лебед кој зафатил дел од јадица и рибарска мрежа, но нема кој да го залови за да му помогне.

Пред неколку месеци на брегот беше пронајдено и мртво тело на лебед, но за испитување дали станува за смрт нанесена од човек било побарано надомест од здруженијата, наместо постапување по закон и обврска на ветеринарните служби во „заштитениот“ град на УНЕСКО, најпознат токму по ендемичната флора и фауна која трпи последици.