HomeДЕНЕШНАСветПовредени шеснаесет лица во железничка сообраќајка во Австрија

Повредени шеснаесет лица во железничка сообраќајка во Австрија

Шеснаесет лица денеска се повредени откако приградски патнички воз се судри со товарни вагони крај железничката станица во австрискиот град Визелбург, пренесе ТАСС, повикувајќи се на австрискиот ТВ канал ОРФ.

Според податоците на федералната железничка компанија, товарните вагони го напуштиле помошниот коловоз, а потоа во нив удрил регионалниот воз што сообраќал на линијата од Санкт Полтен до Шајбс, во провинцијата Долна Австрија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com