Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПовредени двајца рудари во рудникот „Булмак“

Повредени двајца рудари во рудникот „Булмак“

Двајца рудари се повредени при работа во рудникот „Булмак“ во селото Добрево, Пробиштипско, вчера, соопшти полицијата.

Околу пладне во Итна медицинска помош Пробиштип за укажување на лекарска помош биле донесени Д.З. (34) и Г.А. (45) од Пробиштип. Двајцата биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде им биле констатирани тешки телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.