Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПовредени четворица цариници на автопатот Куманово – Скопје

Повредени четворица цариници на автопатот Куманово – Скопје

Четворица цариници се повредени при превртување на комбе на автопатот Куманово – Скопје. Според информациите на МВР, комбето се превртело утрово во околу 7.15 часот во близина на бензинската пумпа „Дени“ и било во сопственост на Царинската управа. Двајца од цариниците се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, а останатите двајца во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

prevrtena kola2

Полицијата се уште работи на утврдување на причините поради кое комбето се превртело.

фото: MK News