Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПовредени четири лица во сообраќајка во Куманово

Повредени четири лица во сообраќајка во Куманово

Сообраќајна несреќа се случи во Куманово, Кумановка е потешко повредена, а тројца нејзини сограѓани се полесно повредени, несреќата се случила синоќа во 21 часот и 15минути на крстосницата помеѓу регионалниот пат Куманово-Свети Николе и булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово.

Според МВР во несреќата се судриле моторно возило марка „југо“ и „шкода“. Возачите на двете возила се лесно повредени, но сопатничките кои исто така биле две, едната е со тешки повреди на телото.