Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПовреден работник по пад од скеле – пренесен на Ургентен

Повреден работник по пад од скеле – пренесен на Ургентен

Вчера околу 12.00 часот во с. Добреноец, кичевско, при изведување градежни работи, В.М. (58) од Тетово паднал од скеле од висина од околу 6 метри, при што се здобил со повреди во пределот на кичмата.

Повредениот е пренесен во кичевската болница, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар-Скопје. За настанот се запознаени инспектори од Заштита при работа и Министерството за труд и социјална политика. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.