Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПовреден македонски полицаец во тензиите на македонско- грчката граница

Повреден македонски полицаец во тензиите на македонско- грчката граница

Еден полицаец е повреден во тензиите со мигрантите на македонско- грчката граница. Полицаецот се стекнал со повреди од како 5000 мигранти се обиделе насилно да влезат на територијата на Македонија. Мигрантите фрлале со камења и цврсти предмети кон полицијата при што ја пробиле капијата на железничката пруга.

begalci

Од МВР информираат дека полицијата употребила солзавец за да го спречи илегалното влегување на мигрантите од грчката страна. Бегалците во Идомени на грчко-македонската граница во моментов одржуваат мирен протест со окупирање на железничката пруга, откако претходно се обиделе да ја урнат оградата. Од грчката новинска агенција  АНА-МПА јавуваат  дека македонските власти во моментов ја поправаат оградата, а на самото место има и полицајци.

Железничката пруга за сега е затворена, а од 50 бегалци само 10 успеале да ја преминат границата.