Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПовредата на Роналдо многу полоша од очекуваното

Повредата на Роналдо многу полоша од очекуваното

Кристијано Роналдо речиси сигурно ќе го пропушти првиот официјален натпревар на Реал Мадрид во новата сезона против Севилја во европскиот Суперкуп на 9 август во Трондхајм поради повредата на Европското првенство во Франција.

Роналдо после повредата нема направено детални прегледи на магнетна резонанца, па медиумите веднаш после финалето шпекулираа дека ќе мора да паузира само месец дена.

Од лекарскиот тим на Реал Мадрид наведуваат дека иако немаат извршени детални лекарски прегледи, но според зборовите на главниот доктор Хозе Гонзалес, повредата на Роналдо е крајно сериозна бидејќи според тоа што го видел досега се работи за делумно кинење на предните вкрстени лигаменти.

„Не можеме да знаеме колку е сериозна повредата додека не направи магнетна, но судејќи по тоа што го видов на ТВ, убеден сум дека се работи за делумно кинење на лигементите. Времето за рехабилитација кај ваквите повреди е до два месеци, но тоа е многу чувствутелен лигамент кој мора правилно да се третира. Оваа повреда дозволува трчање само десет дена после траумата, но играчот треба полека да се враќа во тренажен процес. Токму затоа следи долга пауза и мирување“, изјави доктор Хосе Гонзалез.