Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПовлечена аболиција, ЕУ задоволна, сега преговори

Повлечена аболиција, ЕУ задоволна, сега преговори

Целосното повлекување на аболицијата од страна на претседателот Иванов е поздравена од страна на амбасадорите и институциите на ЕУ, па затоа сега се создава шанса за враќање на преговарачка маса и изнаоѓање на трајно и стабилно решение за излез од политичката криза.

maja kocijancic

„Ќе започнам со реакцијата на одлуката на претседателот Иванов, ја видовте и реакцијата на комесарот во која тој експлицитно ја поздрави одлуката за конечно да се повлечат сите помилувања, бидејќи очигледно ова е чекор што дозволува правдата повторно да се врати во нормален тек и Специјалниот обвинител да продолжи со работа. Но, очигледно многу време е загубено и сега е поитно од секогаш за политичките лидери да се вратат на маса за имплементација на договорот од Пржино на инклузивен принцип. Посебно за итни и кредибилни избори што мора да се спроведат за итните реформски приоритети и за земјата да се движи во вистинска насока, а тоа е кон владеење на правото и кон евроатлантскиот пат“, истакна Коцијанчиќ, а пренесе МИА.

Одвивањето на можните преговори ќе зависи и од волјата на граѓанските движења кои неумерно беа дел од секојдневните протести во изминатите денови и тие бескомпромисно ги поставија своите барања за излез од кризата, но се уште нема потврда дали ќе бидат прифатени од политичките лидери како рамноправни учесници во дијалогот.